Свет Европа Брисел ја проверува легалноста на македонските авио-субвенции

Брисел ја проверува легалноста на македонските авио-субвенции

Во изјава за агенцијата „Мета“, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, не го потврдува ставот на Mинистерството за транспорт и врски околу државните субвенции за евтини летови на домашни и на странски авиокомпании кон Европа.

„Комисијата е запознаена со финансиската помош на поранешната југословенска република Македонија за авиопревозниците. Комисијата побара од надлежните национални власти да обезбедат соодветни информации и докази за да се испита дали оваа шема е во согласност во соодветните одредби од договорот на Европската заедничка воздухопловна област (ЕВЗО-договор)“, се вели во официјалната реакција на ЕК.

ЕЗВО ги регулира односите на ЕУ со земјите од соседството во оваа област.

Косово се закани со тужба за Македонија за нарушување на конкуренцијата во авиосообраќајот. Македонија одговори дека одлуката е во согласност со европското законодавство, што не е потврдено од Европската комисија.

Т.М.