Македонија „Брима Галуп“: 33,3 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,7 отсто за...

„Брима Галуп“: 33,3 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,7 отсто за СДСМ

На прашањето за која партија би гласале доколку следната недела би се одржале нови парламентарни избори, 33,3 отсто од испитаниците се за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,7 отсто за СДСМ.

Ова го покажува најновата анкета на агенцијата за истражување на јавно мислење „Брима Галуп“, направена во соработка со неделникот „Република“.

Најголема доверба, испитаните граѓани имаат во Никола Груевски 32,3 отсто, а за Зоран Заев се изјасниле 9,1 отсто од испитаниците.

На прашањето за победникот доколку се организираат предвремени парламентарни избори, 55,9 отсто сметаат дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, а 12,1 отсто сметаат дека тоа ќе биде СДСМ.

Истражувањето било направено во периодот од 29 октомври до 3 ноември, а теренската анкета била спроведена врз 1.007 испитаници.