Свет Свет Бридлав: Русија и Сирија ја претворија бегалската криза во оружје против Западот

Бридлав: Русија и Сирија ја претворија бегалската криза во оружје против Западот

Главниот командант на НАТО-силите, американскиот генерал Филип Бридлав, предупреди дека Русија и Сирија ја претвориле бегалската криза во оружје против Западот. Според него, бранот од стотици илјади мигранти од Сирија во Европа имал дестабилизирачки ефект од Балканот до Скандинавија.

– Руската интервенција во борбите во Сирија го усложни проблемот и ја смени динамиката во воздух и на копно. И покрај јавните изјави дека дејствува спротивно, денес Русија прави малку за да им се спротивстави на милитантите на Исламската држава и во голема мера го зајакнува режимот на Асад. Да биде јасно, сите вистински конструктивни напори за окончување на војната се добредојдени. Но, на крајот акциите ќе зборуваат погласно од зборовите – рече генерал Бридлав.