Дописници Браната Калиманци закана за домовите во селото Чифлик

Браната Калиманци закана за домовите во селото Чифлик

Испуштените води од браната „Калиманци“ го зголемиja водостојот на реката Брегалница што претставува закана за десетина куќи во кочанското село Чифлик, каде според општината Чешиново–Облешево нема заштитни бедеми.

Водата е дојдена до дворовите на куќите, а жителите реагираат дека таа требало да се испушти порано, пред врнежите.

Раководителот на Регионалната водостопанска организација, Никола Гацов, информира дека се испуштаат 49 кубни метри вода во секунда во Брегалница.

Превентивно кај штипско Ново Село се поставени вреќи со песок.

Патот за селото Теранци, кое беше отсечено неколку дена поради најдојдената вода, од денеска е повторно во функција.

Општина Кочани попладнево соопшти дека редовно се одвива сообраќајот и на патот Долни Подлог–Облешево.