Македонија Борко пак протестираше со студентите

Борко пак протестираше со студентите

Борко, кучето-демонстрант од Скопје, како атинскиот Луканико, беше присутно и на третиот студентски протест. Тој се појави точно навреме кога почна протестот и предизвика воодушевување кај присутните.

Борко претходно се појаувавал на неколку протести, маршови и на настаните за промовирање на велосипедизмот. Како што пишува на „Фејсбук“, Борко го добил своето име поради присуството на протести, посветеноста на групата со која се движи и беспоштедната борба со автомобилите.