Македонија Борисов: Во интерес на Бугарија е Македонија да влезе во НАТО

Борисов: Во интерес на Бугарија е Македонија да влезе во НАТО

Во интерес на Бугарија е да ѝ помогне на Македонија да влезе во НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, на првата јавна дискусија меѓу Бугарија и САД, на Атлантскиот клуб во Софија.

– За Македонија, се разбира дека договорот за добрососедство, кој очекуваме да го потпишеме во август, е многу важен. Треба како на најблизок сосед и народ да оставиме историчарите да си спорат, но поголемата тема е Македонија во НАТО и во ЕУ. Подобро ли е за Бугарија на нашата граница да имаме држава која е растргната од конфликти? – рече Борисов, додавајќи ако не се потпише договорот за добрососедство, нема за што друго да се зборува.

Борисов истакна дека и европските политичари се убедени дека Балканот треба да биде стабилизиран, бидејќи е најтешкиот и нестабилен регион од цела Европа.

– За време на претседателството на Бугарија со ЕУ можеме да направиме нешто за ова прашање, за проширувањето, а кохезионата политика не треба да запре – рече Борисов.