Свет Балкан Борисов нареди проверка на бугарските пасоши издадени во последните пет години

Борисов нареди проверка на бугарските пасоши издадени во последните пет години

Бугарскиот премиер Бојко Борисов им наложи на Министерството за внатрешни работи и на Државната агенција „Национална сигурност“ да извршат проверка на сите бугарски лични документи издадени на странци во последните пет години. Според бугарските медиуми, во последните 15 години речиси 90.000 добиле бугарски пасоши.

Како што јавуваат бугарските медиуми, Борисов воедно побарал резултатите од проверката да му бидат доставени во најитен рок.

Барањето на Борисов следи откако кон крајот на минатиот месец  Јавното обвинителство на Бугарија објави дека открило измами при издавањето на бугарски пасоши на странски државјани, во која била вмешана Државната агенција за Бугарите кои живеат во странство, а потоа беа уапсени нејзиниот директор и вработени во агенцијата.