Свет Балкан Борисов: Мора да формираме влада

Борисов: Мора да формираме влада

Мора да формираме влада, затоа другите формули, па дури и математички, нема да фунцкионираат, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по консултациите со бугарскиот претседател Румен Радев.

Борисов рече дека за време на преговорите со партијата Обединети патриоти не разговарале за министерски позиции во идната влада. Тој истакна дека тоа за кое треба да раговараат со Обединети патриоти се програмата и механизмите по кои ќе функционира идната влада.

– Министрите најлесно се одредуваат затоа што може и лесно да се отстранат. Одлуката ќе биде донесена на 3 мај – рече Борисов.

Тој го запознал претседателот со тоа дека поучен од претходните години, при сегашните преговори за формирање коалиција, детално ги разгледуваат и разјаснуваат можните конфликтни ситуации на коалициската влада. Тоа, како што рече, го прават за да обезбедат стабилна влада во следните четири години.