Свет Балкан Борисов: Бугарската привремена влада ќе остане подолго на функција

Борисов: Бугарската привремена влада ќе остане подолго на функција

Привремената влада на Бугарија ќе остане подолго време на функција затоа што не гледам како ќе можат партиите да направат коалиции во оваа ситуација, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Тој повторно истакна дека парламентарните избори ќе се одржат за пет до шест месеци, поради што кабинетот на Огнен Герџиков подолго ќе управува со државата поради антагонизмот и раздорот кој го гледал во партиите.

– Од тоа што го гледам и слушам, се чини неверојатно тешко да се седнат лидерите на политичките партии на една маса. Дури и да постигнат договор за некаква коалиција, таа ќе биде многу кревка – смета Борисов.