Свет Борбен авион на ОАЕ исчезна во воена мисија во Јемен

Борбен авион на ОАЕ исчезна во воена мисија во Јемен

Обединетите Арапски Емирати денеска соопштија дека им исчезнал еден борбен авион кој учествува во војната во Јемен.

Војската на Емиратите објави соопштение во една реченица, кое го пренесе државната новинска агенција „ВАМ“.

Во соопштението се наведува дека е „изгубено борбено летало“.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија минатата година почна да ги бомбардира шиитските бунтовници во Јемен, познати како Хути, кои претходно ја презедоа престолнината Сана.

Во војната во Јемен, најсиромашната арапска држава, убиени се 6.000 лица, а судирите предизвикаа хуманитарна катастрофа, бидејќи 7,6 милиони лица се на раб на глад, а 3,4 милиони деца не одат на училиште.