Свет Бомбардирани позициите на Хутите во Јемен

Бомбардирани позициите на Хутите во Јемен

Борбените авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија утринава гаѓаа позиции на Хутите, во селата јужно од јеменското пристаниште Аден, изјавија жители на подрачјето.

Авионите гаѓале тенкови што му припаѓаат на движењето чиј сојузник е Иран.

Меѓународната коалиција пред два дена објави дека ја завршила 30-дневната кампања на воздушни напади во Јемен, но саудискиот портпарол подоцна рече дека бомбардирањето ќе продолжи затоа што е неопходно.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, синоќа изјави дека е загрижен поради продолжувањето на нападите на Саудиска Арабија во Јемен, истакнувајќи дека се надева оти наскоро ќе завршат сите судири.