Свет Европа Бомба од Втората светска војна евакуираше град во Германија

Бомба од Втората светска војна евакуираше град во Германија

Поради пронајдена бомба од времето на Втората светска војна, околу десет илјади жители на германскиот град Кобленц беа евакуирани од нивните домови.

Бомбата тежи околу еден тон и е пронајдена при градежни работи во четвртокот. По завршувањето на евакуацијата деминерите ќе ја деактивираат бомбата.

Во Втората светска војна во Германија беа фрлени над два милиони бомби. Над 20 отсто од нив не експлодирале.