Економија Богов: На долг рок, политичката криза ќе влијае негативно врз економијата

Богов: На долг рок, политичката криза ќе влијае негативно врз економијата

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, смета дека ако политичката криза во државата потрае, тоа ќе има негативни влијанија врз економијата на долг рок.

„ На 7 или 8 мај ќе ги објавиме проекциите и ќе видиме дали ќе останеме на процените за пораст на економијата од 4,1 отсто. Ако ги земеме предвид случувањата во политика на домашен терен, кои се фактор на ризик, тие би имале негативни ефекти доколку целата ситуација продолжи подолг период“, оцени Богов.