Македонија Богоев: ВМРО-ДПМНЕ и Силвана Бонева изгубија усул во крадењето државни пари

Богоев: ВМРО-ДПМНЕ и Силвана Бонева изгубија усул во крадењето државни пари

Перверзно, бескрупулозно, алчно и криминално е однесувањето на Силвана Бонева, блиската соработничка на обвинетиот криминалец Никола Груевски, со кое дрско им се потсмева на сиромашните во Македонија, вели пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев.

– Силвана Бонева стана симбол за коруптивното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Додека 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, со помалку од 40 денари на ден, богатењето на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзините функционери не запира. Вака ВМРО-ДПМНЕ стаса до имот вреден 60 милиони евра, невиден и за големите партии од богатите земји во Европа – вели Богоев.

Тој изјави дека по 11 декември, сите што ги злоупотребиле парите на граѓаните и ги прекршиле законските прописи, ќе одговараат, а парите ќе бидат вратени во буџетот и искористени за потребите на граѓаните.