Свет Балкан Бодрум: Пронајдено тело на четиригодишно сириско девојче

Бодрум: Пронајдено тело на четиригодишно сириско девојче

Турски рибар во градот Бодрум пронашол тело на четиригодишно сириско девојче кое се удавило при обид да стигне до територијата на Грција.

Судбината на девојчето е речиси идентична со момчето Ајлан Курди, чие безживотното тело, исто така, беше пронајдено во Бодрум во септември годинава.

Девојчето е идентификувано како Сена и нејзиното тело е пронајдено меѓу карпите во близина на малиот остров Каталада, а ја пронашол рибар, објави турскиот весник „Хуријет“.

Рибарот ги известил надлежните, а припадниците на граничните служби го презеле телото на малата Сена.