Култура „Блиска врска“ од Славе Ѓорѓо Димоски објавена во Србија

„Блиска врска“ од Славе Ѓорѓо Димоски објавена во Србија

Славе Ѓорѓо Димоски

Во издание на Здружението на писатели на Србија, деновиве од печат излезе книгата „Блиска врска“ (Блиска веза) од македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски.

Препевот е на Душко Новаковиќ, познат српски поет, кој се смета за  најдобриот преведувач на македонската поезија на српски јазик.

Во ова издание се содржани книгите „Форми на страста“ (1988) и „Темно место“ (1999 г., награда „Браќа Миладиновци“, 2000 г.), две книги кои прават една целина, во која еросот и танатосот доаѓаат до полн израз, односно го проблематизираат принципот на љубовта и смртта во една класична комбинација.