Технологија Гаџети „Блекбери“ и „Боинг“ подготвуваат самоуништувачки телефон

„Блекбери“ и „Боинг“ подготвуваат самоуништувачки телефон

„Блекбери“ и „Боинг“ склучија партнерство и во моментов работат на нов мобилен телефон со можност за самоуништување. Новиот уред, наречен „боинг блек“, ќе се темели на оперативниот систем „андроид“, односно БЕС (Блекбери ентерпрајс сервис), 12 платформи кои ќе бидат интегрирани во системот.

Како безбедносна карактеристика се истакнува можноста за енкрипција на телефонските повици и за покренување на постапката за самоуништување, доколку се почне со демонтирање на уредот. Засега не е познато кои сè услови мора да бидат задоволени за да се покрене таква постапка.

Од задната страна на уредот може да се вградат разни биометриски скенери или сателитски примопредаватели, како и постојна поддршка за две СИМ-картички.

„Боинг“ веќе им го понуди уредот на заинтересираните купувачи. „Боинг блек“ е првенствено наменет за ситуации кога е потребно комуникацијата и податоците да се направат приватно и безбедно, како што е, на пример, во разни владини агенции.