Дописници Бизнисмените од Гостивар ги слушнаа мерките за вработување

Бизнисмените од Гостивар ги слушнаа мерките за вработување

Владините мерки за намалување на невработеноста и за поддршка при вработување лица од официјалната евиденција, денеска беа претставени пред бизнисмените од гостиварскиот регион. Форумот го организираше Агенцијата за вработување во соработка со Министерството за транспорт и врски, Општина Гостивар и со УНДП.

Во Гостивар голем дел од малите и средни претпријатија ги користат добивките од мерките за вработување. Работодавците велат дека ваквата поддршка им е добредојдена за да го развиваат и шират бизнисот. Актуелно во Центарот за вработување во Гостивар течат неколку огласи, за кои фирмите може да се пријават и да користат бенефиции при ангажирање нови работници.

Со мерките за намалување на невработеноста, речиси 1.500 граѓани од Гостивар и од Гостиварско биле вработени изминативе неколку години. Од нив повеќе од 70 отсто го задржале работното место.