Дописници Бизнисмени од Абу Даби заинтересирани за изградбата на скијачкиот центар на Галичица

Бизнисмени од Абу Даби заинтересирани за изградбата на скијачкиот центар на Галичица

Kомпанијата „Хасилат“ од Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, покажала интерес за изградбата на скијачкиот центар на Галичица, над Охрид. Тие ја посетија локалната самоуправа во Охрид, каде се запознале со можностите за инвестирање во градот.

– По презентацијата и посетата на неколку атрактивни локации, гостите, во чија придружба беше и македонскиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, Сашо Ташевски, се интерсираа за инвестирање во повеќе области, а особено за изградбата на скијачкиот центар на Галичица – информираат од локалната самоуправа.

Компанијата „Хасилат“ е позната по ивестирањето во информатичката технологија, енергетиката, автоматиката, туризмот, агробизнисот, медицината, градежништвото и во текстилната индустрија.
Нивната посета во Република Македонија ја организираше Агенцијата за странски инвестиции.