Дописници Битолските студенти со порака до власта: Лажете, немаше јавна расправа

Битолските студенти со порака до власта: Лажете, немаше јавна расправа

„Стоп за лошите реформи“,„Лажете, немаше јавна расправа“, „Разговарај разумно со тиранин и тој ќе те нарече глупак“, беа само дел од паролите и од скандирањата на битолските студенти што денеска неколку часа маршираа низ Широк сокак, за уште еднаш да го искажат свој став против реформите во образованието.

По завршувањето на маршутата, студентите запреа пред зградата на Ректоратот и седнаа на асфалтот да го почекаат ректорот да излезе на разговори.

Студентите ги повторија уште еднаш своите ставови и барања. А, овојпат поддршка им дадоа и професори од битолскиот универзитет , професори од средните училишта, како и првите луѓе на повеќе политички партии од градот.

А.Б.