Македонија Битолската поп-дива Билјана Дамјановска стана почесен конзул на БИХ

Битолската поп-дива Билјана Дамјановска стана почесен конзул на БИХ

Битолската дива Билјана Дамјановска-Јанчевска е именувана за почесен конзул на Босна и Херцеговина во Република Македонија. Додека конзулатите на Велика Британија, Словенија и Хрватска отидоа под клуч, Босна и Херцеговина, на изненадување на поголем дел од јавноста, отвори свое претставништво на Широк сокак. Целта на новоотвореното конзуларно преставништо е продлабочување на економската и на културната соработка меѓу двете земји, беше речено на свеченото отворање.

Новата конзулка Дамјановска–Јанчевска најави дека ќе формира клуб на почесни конзули каде ќе се разгледуваат и реализираат заедничките интереси на конзулска Битола.

Дамјановска-Јанчевска работи како нотар во Битола, но иако се определи за правото, сепак не ја остави музиката. Меѓу дузината почесни конзули во Битола има политичари, бизнисмени, педагози, лекари…

А.Б.