Хроника Битолчанка заврши во болница откако мажот ѝ ја претепал

Битолчанка заврши во болница откако мажот ѝ ја претепал

Четириесет и едногодишна жена вчера е донесена во Клиничката болница во Битола со повреди во пределот на телото, градниот кош и на главата. Случајот е пријавен во полиција, по што полициски службеник извршил разговор со повредената.

Жената на полицијата ѝ соопштила дека сопругот, во период од 14 до 16 часот, физички ја малтретирал, ја удирал со тупаници и со клоци и ѝ се заканувал дека ќе ја убие.

По целосно целосно расчистување и документирање на настанот, против пријавениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.