Дописници Битолчани го преименуваа плоштадот „Магнолија“ во „Шарена револуција“

Битолчани го преименуваа плоштадот „Магнолија“ во „Шарена револуција“

Демонстрантите од Битола денеска излегоа во најмасовен број на протестот на „Шарената револуција“, барајќи оставка на градоначалникот Владимир Талевски и поништување на аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов,

Тие, плоштадот „Магнолија“ го преименуваа во плоштад „Шарена револуција“, а потоа упатија барање, по одлуката на Уставниот суд за сопирање на изборната кампања, следниот чекор да биде укинување на аболицијата и затвор за криминалците од врхушката на власт.

Поворката повторно се упати кон зградата на општина Битола, каде демонстрантите и вечерва беа особено инвентивни. Тие на влезот на општината, на железните барикади, поставија кукла со маска од градоначалникот и сапунче на вратот, порачувајќи му дека ќе заврши зад решетки.