Хроника Битолчанец загина во пожар во сопствената куќа

Битолчанец загина во пожар во сопствената куќа

Педесетгодишен битолчанец синоќа загина откако во неговиот дом избил пожар.

Пожарот го зафатил третиот кат од куќата, сопственост на Н.Т., на улицата 21. При гаснењето на пожарот од страна на бригадата за противпожарна заштита било пронајдено опожареното човечко тело.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден, кога ќе се утврдуваат и причините за пожарот.