Хроника Битолчанец осомничен за разбојништво, а негов пријател за помагање

Битолчанец осомничен за разбојништво, а негов пријател за помагање

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против И.Р. (36), жител на градот, кој се товари за разбојништво што, според полицијата, го извршил на почетокот на овој месец.

Во врска со случајот, пријава е поднесена и против битолчанецот Љ.И. (53), кој се сомничи за кривичното дело помагање на сторител по извршено кривично дело.

Според полициските информации, осомничениот И.Р., на 2 јули околу 3.45 часот, маскиран со фантомка на главата, преку прозор провалил во куќа во селото Ратино и со дрвен стап го нападнал сопственикот Павле Т. (78) и му одзел околу 22.000 денари.

Како што информираат од полицијата, сопственикот на куќата, кој во меѓувреме починал, по нападот бил хоспитализиран во битолската болница каде лекарите констатирале телесни повреди и го задржале на лекување.

Второосомничениот Љ.И. се товари дека со умисла дал лажен исказ, односно при распитот во полиција, сакал да му обезбеди алиби на И.Р., лажејќи ги полицајците дека вечерта кога се случило разбојништвото, тој бил кај него дома.