Дописници Битола подготвена за третото издание на „Битола Шекспир-фестивал“

Битола подготвена за третото издание на „Битола Шекспир-фестивал“

Со премиера на претставата „Антоније и Клеопатра“ во режија на Џон Блондел, Битолскиот народен театар годинава свечено ќе го отвори третиот по ред „Битола Шекспир-фестивал“.

Фестивалот годинава ќе се одржува од 22 до 28 јули и на него ќе гостуваат реномирани театри од светот што го негуваат творештвото на големиот Вилијам Шекспир.

– Подготвени сме за најновото издание на „Битола Шекспир-фестивал“. Пред битолската и, воопшто, пред публиката од Македонија и од светот ќе бидат прикажани извонредни претстави од творештвото на големиот Шекспир – рече Благоја Мицевски, в.д. директор на БНТ. На фестивалот ќе настапат театри од Сомбор – Србија, Габрово – Бугарија, театри од САД, Холандија, како и од Турскиот театар од Македонија, кои на сцените на БНТ ќе ги изведат најпознатите дела на Шекспир, „Хамлет“, „Сон на летната ноќ“, „Ромео и Јулија“ и други.

Третото издание на „Битола Шекспир-фестивал“ се реализира со поддршка од два милиони денари од  Министерството за култура на Р. Македонија, како и со финансиска поддршка од Општина Битола како дел од „Битфест“.

А.Б.