Економија Бислимовски: РЕК Битола произведува струја од сонце, ветер, вода и биомаса

Бислимовски: РЕК Битола произведува струја од сонце, ветер, вода и биомаса

Бројките потврдуваат дека приватната иницијатива и капиталот што се инвестира во овој сектор се покажува како високо ефикасен и затоа реализацијата е брза, вели Бислимоски

Фото: РЕК

За дваесет и пет месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од
обновливи извори кои произведуваат електрична енергија, што е доволна за просечна
потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопштија денеска во Регулаторната комисија за енергетика. Како што информира претседателот Марко Бислимовски, за 25 месеци државата го има новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, само сега тоа не е струја од јаглен, туку е струја доминантно од Сонце, но, како што рече, има и од ветер, вода и биомаса.

„Во јануари Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталирана можност од 27,06 MW. Овие бројки потврдуваат дека приватната иницијатива и капиталот што се инвестира во овој сектор се покажува како високо ефикасен и затоа реализацијата е брза“, вели Бислимоски.

Тој информира дека во 2023 година издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW, што е раст од над 160 отсто на инсталираниот капацитет во споредба со 2022 година, кога се издадени 152,2 MW.