Свет Европа „Билд“: Терористите планираат напади на европските плажи

„Билд“: Терористите планираат напади на европските плажи

Германскиот весник „Билд“ денеска објави дека европските плажи, особено во Италија, Шпанија и на југот на Франција, би можеле да бидат мета на исламистички бомбашки напади.

„Планираа терористички напади на нашите плажи“, е насловот на „Билд“, објавен со слика на која плажата се гледа низ нишан, пренесуваат италијанските медиуми.

Германскиот весник наведува дека постои страв дека терористи можат да се преправат во продавачи на плажите.

Информацијата за потенцијалната закана потекнува од италијанските и од германските разузнавачки служби, кои наведуваат дека терористите се подготвени на европските плажи да употребат експлозив и огнено оружје.

Неименуван германски разузнавач за „Билд“ вели дека можно е Исламска држава да планира напади на плажи и оти тоа би претставувало нова димензија на терористичките напади, затоа што плажите не можат ефикасно да се заштитат.