Забава Бил Гејтс се плаши од епидемија

Бил Гејтс се плаши од епидемија

Во разговор за телевизијата „Фокс“, Бил Гејтс откри од што се плаши на глобалното ниво.

– Сметам дека шансите за нуклеарна војна за време на мојот живот се многу мали. Но, шансите за епидемија, поголема од епидемијата на ебола, додека јас сум жив, се поголеми за 50 отсто – изјави Гејтс.

Тој има 59 години, а епидемијата за која говори би требало да се случи за неколку децении.

Последната глобална смртоносна епидемија беше шпанската грозница, која меѓу 1918 и 1919 година уби повеќе луѓе отколку во Првата светска војна.

– Најлошо е што дури и не знаеме од каде стигна шпанската грозница. Таа името го доби по тоа што медиумите во Шпаниија први известија за неа – рече Гејтс.