Свет Балкан БИХ: Уапсени 11 осомничени за тероризам

БИХ: Уапсени 11 осомничени за тероризам

Најмалку 11 лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомневање за тероризам, соопштија босанските власти.

Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата „Дамаск“ на босанската Агенција за разузнавање и заштита (СИПА). При претресот на објектите, спроведен во неколку населени места, се конфискувале предмети кои можат да послужат како доказен материјал.

Од септември годинава, кога почна акцијата „Дамаск“, беа уапсени 16 лица, меѓу кои и имамот Билал Боснаќ, неформалниот лидер на вахабистичка заедница во Босна.