Свет Балкан БИХ е четврта во светот по бројот на борци што се приклучиле...

БИХ е четврта во светот по бројот на борци што се приклучиле на ИД

Босна и Херцеговина е четврта земја во светот по бројот на нејзини жители што се приклучиле на Исламска држава, тврдат британски медиуми. Оваа година 92 државјани на БИХ се приклучиле на терористичката организација Исламска држава во Ирак и во Сирија.

На петто место е Косово со 83 борци, а пред БИХ се Јордан, Тунис и Саудиска Арабија, додека меѓу земјите од Европска унија, Белгија е водечка земја по бројот на припаднци на ИД.

Босна и Херцеговина е означена и како земја преку која се шверцува вооружување за ИД, потврди министерот за безбедност, Драган Мектич, кој до тие сознанија дошол по нападот во Париз.

Британските медиуми наведуваат дека џамиите во Велика Британија се користат за финансирање на терористите од Исламска држава, а дека перењето на парите се врши преку сметки во БИХ.