Македонија Без напредок на денешна средба за специјален јавен обвинител

Без напредок на денешна средба за специјален јавен обвинител

Тричасовната средбата на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино заврши без изјави.

Претставниците на политичките партии, белгискиот експерт Питер ван Хојте, ирскиот олеснувач Џејмс Хамултон и  американскиот обвинител за организиран криминал и корупција Џон О`Саливен го напуштија Клубот на пратеници, без да откријат дали има некаков напредок во однос на горливото прашање за Специјален јавен обвинител, кој ќе треба да го истражува случајот Пуч и содржината на преслушуваните разговори.

Според Договорот од Пржино, Специјалниот јавен обвинител, треба да биде избран најдоцна до 15 септември.

Според сознанијата партиите се уште се далеку од договор. ВМРО-ДПМНЕ настојува обвинителот да се избере од постоечките обвинители и во рамките на сегашниот закон, додека СДСМ е за посебен закон.