Македонија Без електрична енергија утре ќе бидат делови од Центар, Чаир и од...

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од Центар, Чаир и од Шуто Оризари

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Петровец и Чаир.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Партениј Зографски, Салвадор Аљенде и Периша Савељиќ во општина Центар.

Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од Макошпед – Шуто Оризари и бетонара „ЈОСИНГ“ во општина Шуто Оризари.

Без струја од 8.30 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од селата Дивље, Сушица, Живиње, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари и Чифлик во општина Петровец, а од 9 до 15 часот и корисниците од улицата Дижонска – подулица 13, во општина Чаир.

Како што информираше Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електромрежата.