Главна секција Без договор заврши и втората лидерска средба

Без договор заврши и втората лидерска средба

Заврши втората лидерска средба помеѓу лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА без постигнат конкретен договор.

Следната лидерска средба е закажана за 26 мај, во 13.30 часот, на истотото место, во Клубот на пратеници.

Утре лидерите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе имаат средба во Стразбур, со предлозите од европратениците за решавање на кризата.

Премиерот Никола Груевски, по завршувањето на средбата не сакаше да даде изјава, но рече дека ставовите на партијата ќе ги каже на вечерашниот митинг во Скопје.

Според Заев нема напредок во разговорите и затоа е предложен нов термин за лидерска средба.

– Нема напредок во разговорите, ние бараме рамноправност во преговорите и чесен пристап. Нашиот став е јасен, бараме преодна влада, која може да биде и техничка и административна и политичка. Тоа што прво го бараме е рамноправност и чесен пристап – изјави Заев по завршувањето на средбата.
Изјави не дадоа ниту лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи.