Македонија Бесплатни проекти за изградба на семејни куќи во општина Илинден

Бесплатни проекти за изградба на семејни куќи во општина Илинден

Општина Илинден

За да им помогне на граѓаните во делот на локалниот економски развој, Општина Илинден продолжува со примена на иновативен пристап во јавниот сектор во реализирањето на проектите во повеќе области.

„Речиси една година Општина Илинден го реализира проектот „Бесплатни проекти за изградба на семејни куќи“, во рамките на кој на граѓаните бесплатно им се нудат проекти за изградба на станбени објекти за индивидуално домување. Оваа поволност можат да ја искористат сите што сакаат да изградат семејни куќи на територијата на Општината. Потенцијалните инвеститори имаат можност да изберат еден од понудените четири бесплатни проекти за изградба на индивидуални станбени објекти, што беа избрани на распишаниот конкурс од страна на Општината и да го одберат оној што најмногу им одговара“, се вели во соопштението од Општината.