Дописници Бесплатен викенд за пензионери во Охрид, Дојран, Берово и во Отешево

Бесплатен викенд за пензионери во Охрид, Дојран, Берово и во Отешево

Од сабота продолжува реализацијата на проектот на Владата за бесплатен туристички викенд за пензионери.

Во првата група се 120 пензионери од целата земја, кои ќе одмараат во Охрид, а викенд-престојот вклучува два полни пансиони и автобуски превоз до хотелскиот објект.

Во Охрид, пензионерите ќе бидат сместени во Извидничкиот хотел во Далјан и во хотелот „Амбасадор“.

Втората група пензионери на викенд во Охрид ќе престојува од 11 до 13 март, а последната е од 15 до 17 април.

Покрај Охрид, во рамки на пролетната програма, по неколку групи пензионери ќе одат на бесплатен викенд и во хотел „Полин“ во Дојран, во хотел „Вип“ во Берово и во хотелот „Лејк вју“ во Отешево.

Со проектот „Бесплатен туристички викенд“ е планирано да се опфатат до 3.000 корисници на пензија, односно лица – корисници на старосна, инвалидска и на семејна пензија.