Македонија Бесни роднини демолирале во ГОБ „8 Септември“

Бесни роднини демолирале во ГОБ „8 Септември“

Триесетина лица вечерва ја искршиле влезната врата и внатрешни простории во Градската општа болница „8 Септември“ поради смрт на близок роднина и пријател.

МВР го потврди случајот. Оттаму велат дека околу 19 часот во болницата е донесено непознато лице кое лекарите се обиделе да го реанимираат, но по неуспешните обиди лицето починало.

Тие го зеле со себе телото на починатиот.

Во инцидентот, за среќа, никој не бил повреден.