Економија Бензинот и дизелот поскапуваат од ноќеска на полноќ

Бензинот и дизелот поскапуваат од ноќеска на полноќ

Бензинот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 0,5 денари по литар, а дизел-горивото за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

„Еуросупер БЦ-95“ ќе се продава за 58 денари за еден литар, а „еуросупер БС-98“ за 60 денари за литар.

Новата цена на „еуродизел“ ќе изнесува 41 денар.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.