Забава Групата „Уан рипаблик“ со концерт во Скопје

Групата „Уан рипаблик“ со концерт во Скопје

Светски познатиот бенд ќе има концерт на 1 јуни

Светски познатата поп-рокерска група „Уан рипаблик“ на 1 jуни следната година ќе има концерт во „Метрополис арена“, информираат од „Авалон продукција“ на нивната официјална странива на „Фејсбук“. Билетите за овој концерт ќе бидат пуштени во продажба на 24 ноември, а за цената и за останатите детали од продукцијата ќе информираат до крајот на идната недела.
„Тоа што му дава навистина сензационална нота на овој концерт во Скопје е фактот што не само што доаѓа група со продадени повеќе од пет милиони примероци од своите албуми, како и повеќе од девет милиони синглови, туку првпат во Македонија доаѓа група која промовира актуелен албум што бил на врвовите на светските топ-листи од обете страни на Aтлантикот, и во Америка и во Европа, како што е случајот со албумот „Native world“, што, ако не се лажеме, досега се нема случено со ниту едно гостување на некој од артистите во нашава земја“, се вели во соопштението од „Авалон продукција“.
Една од најпопуларните поп-рокерски групи доаѓа во Македонија во рамките светската турнеја. Групата ги освои светските топ-листи со хитовите „Apologize“, „Counting stars“, „If I lose myself“, „I Lived“, „Secrets“, „Stop and stare“, „Love runs out“, и „All the right moves“.