Свет Европа Белгија парализирана од штрајк против владините мерки за штедење

Белгија парализирана од штрајк против владините мерки за штедење

Национален штрајк организиран од заедничкиот фронт на сите синдикати денеска целосно ја парализира  Белгија.

Не се работи во државните институции, а влезовите во приватните компании се блокирани од синдикални одбори веќе од четири часот утрово. Најголемиот трговски центар во Брисел e блокиран првпат во последните десет години.

Сите летови на бриселскиот аеродром се откажани до крајот на овој ден, како и сите меѓународни возови до Лондон и до Париз, а нема ниту јавен превоз.

Оваа здружена акција на новата владина коалиција, составена само од десничарски и од ултрадесничарски партии, е резултат на мерките за штедење: намалување на социјалната помош за невработените, пензија на 67 години и намалени плати.

Ваков масовен штрајк Белгија не доживеала повеќе од десет години.

Синдикатите најавија дека доколку владата не покаже слух за нивните барања, нови штрајкови ќе бидат организирани од јануари, а не се исклучува можноста за постојан штрајк доколку односите се заострат.