Дописници Белчишко блато ќе биде европско заштитено подрачје

Белчишко блато ќе биде европско заштитено подрачје

Нодамна во Општина Дебрца се одржа обука за зачувување и одржлив развој на Белчишко блато (Сини Вирој).

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески истакнаа дека општината го трасира патот за прогласување на блатото за заштитено подрачје.

Обуката е дел од проектните активности кои меѓу другото опфаќаат изградба на туристичка инфраструктура на блатото, мониторинг на заштитени видови од флората и фауната од блатото, изработка на студии, документарен филм, веб-страница и кампања за придобивките од Белчишкото блато од туристички и истражувачки активности.

Заштитата на Белчишко блато е во рамките на проектот Подобрување на управувањето и одржливо користење, кој го спроведува здружението „Екотуризам 2016“ и канцеларијата на УНДП, Скопје а е финансиран од ЕУ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.