Македонија Бејли загрижен поради пробивањето на рокот за ДИК

Бејли загрижен поради пробивањето на рокот за ДИК

Американскиот амбасадор Џес Бејли изрази загриженост поради повторното пробивање на роковите предвидени со Договорот од Пржино.

– Загрижен сум поради пропуштениот рок за назначување на Државната изборна комисија (ДИК). Независноста, искуството и експертизата треба да бидат критериум за избор на непартиските претставници – напиша американскиот амбасадор на социјалната мрежа „Твитер“.

Бејли истакна дека ДИК треба да заврши многу работи до април и оти времето е кратко.