Македонија Бејли појасни: Реформите во медиумите се на маса и пред и по...

Бејли појасни: Реформите во медиумите се на маса и пред и по изборите

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска појасни дека реформите во медиумите се дел од Договорот од Пржино и дел од ургентните европски реформи за Македонија.

– Тоа е на маса пред изборите и по изборите, тоа не е нешто што ќе се случи преку ноќ. Во таа насока многу е важно во врска со изборите како вие, репортерите и новинарските организации ќе ги покривате изборите. Вие самите се обврзавте на Кодекс за етичко известување за време на изборите и следењето на тој кодекс за етичко известување навистина ќе направи разлика во однос на тоа граѓаните на Македонија да ги слушнат сите мислења и да бидат целосно информирани и да го направат изборот за време на изборите – рече Бејли, потсетувајќи на заедничката изјава од синоќа на САД и ЕУ.

Американскиот амбасадор денеска заедно со  министерот за одбрана Зоран Јолевски ја отворија изложбата „Американскиот Црвен крст во Македонија за време на Првата светска војна“.