Македонија Бејли и Орав ќе го посетат Димитриев во Владата

Бејли и Орав ќе го посетат Димитриев во Владата

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, и постојаниот претставник на Мисијата на Европската унија во Македонија, Аиво Орав, денеска во 16 часот ќе имаат средба со техничкиот премиер Емил Димитриев.

По средбата, во 16.15 часот, предвидено е тие да дадат изјави пред зградата на Владата, но нема да одговараат на новинарски прашања.

Ова е прва средба на амбасадорите со премиерот задолжен за организирање на предвремените избори.