Македонија Бејли го чекаше Груевски 50 минути

Бејли го чекаше Груевски 50 минути

Педесет минути амабасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, го чекаше премиерот Никола Груевски на почетокот на пуштањето во употреба на нов училишен објект во Државното училиште за рехабилитација на деца и на младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Од кабинетот на Груевски за денеска најавија посета на Општина Кисела Вода. Во најавата беше наведено дека тој ќе присуствува на пуштање во употреба на нов училишен објект во Државното училиште за рехабилитација на деца и на младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

За подоцна, според соопштението, во рамките на својата агенда, Груевски треба да има средби со жителите на селата Припор, Усје, Пинтија и на Драчево, а потоа ќе изврши увид во градежните активности при изградба на единечен тениски терен во основното училиште „Кузман Шапкарев“ и ќе има средба со жителите на населба Драчево.