Македонија БЕГ утре ќе пушти парно греење

БЕГ утре ќе пушти парно греење

Иако грејната сезона официјално заврши на 15 април, „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) утре ќе пушти парно за своите корисници, велат од компанијата за „Мета“.

– Од производство во БЕГ имаат терк по кој пресметуваат кога треба да пуштаат парно, така што и законски се обврзани утре да пуштат – велат од компанијата.

На веб-страницата на „Балкан енерџи груп“ стои известување дека топланите до 30 април ќе останат подготвени заради евентуален рестарт, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи и доколку Регулаторна комисија за енергетика по таа основа донесе одлука за испорака на топлинска енергија.