Економија БЕГ почнува со акција за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија

БЕГ почнува со акција за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија

„Балкан енерџи“ почнува акција за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија, информираат од компанијата.

Акцијата ќе трае до 15 септември, а сите заинтересирани потрошувачи што сакаат да бидат приклучени на системот за топлинска енергија до почетокот на грејната сезона треба да се пријават што поскоро.

– Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“ – велат од „Балкан енерџи“.

Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на топлинската енергија (парното грење) за домаќинствата се намали за 10,93 проценти.

Најновата можност за бесплатно приклучување кон системот за греење, покрај домаќинствата, можат да ја искористат и правни лица. Оваа група потрошувачи со одлука на Регулаторната комисија за енергетика добија намалување на цената од 28,74 проценти до 40,61 процент, во зависност од категоријата на потрошувачот.