Свет Свет Баварија се заканува со тужба против владата во Берлин

Баварија се заканува со тужба против владата во Берлин

Германската покраина Баварија се закани со поднесување тужба против федералната влада доколку Берлин веднаш не преземе чекори за ограничување на приливот на бегалци во Германија.

– Се согласивме дека Баварија го задржува правото да се обрати до Уставниот суд доколку федералната влада набргу не преземе ефикасни чекори за ограничување на постојаниот прилив на азиланти – рече баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман, по состанокот на регионалната влада во Минхен.

Баварските претставници не рекле дали планираат да ја затворат границата со Австрија, но Херман додаде дека „германската влада мора да донесе одлука за враќање на бегалците од границата, доколку не почнат да се почитуваат ЕУ-стандардите од Даблин и од Шенгенскиот договор“.