Македонија Барање за ин витро и по електронски пат

Барање за ин витро и по електронски пат

Брачните двојки кои поради здравствени причини ќе треба да зачнат со ин витро, барањето за одобрување до Фондот за здравствено осигурување отсега ќе можат да го поднесат по електронски пат.

Барањата ќе мора да ги пополнуваат матичните гинеколози, па затоа е важно сите осигуреници кои сакаат да го остварат ова право да одберат матичен гинеколог, апелираат од Фондот.

Матичниот гинеколог и осигуреникот ќе имаат увид во предметот, односно ќе знаат какво решение донела комисијата во однос на нивното барање.