Економија Банките со профит поголем за 43 проценти во однос на лани

Банките со профит поголем за 43 проценти во однос на лани

Профитабилноста на банките во Македонија во првиот квартал од 2015 година е значително повисока во однос на првиот квартал од 2014 година.

– Добивката по оданочувањето остварена во првиот квартал од 2015 година е поголема за 178,2 милиона денари или за 43 проценти, во споредба со добивката остварена минатата година. Најизразено позитивно влијание врз профитабилноста имаат зголемените други приходи и намалените каматни расходи – се вели во извештајот за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал во 2015 година.